Потребни состојки:
– 1 шише црвено вино (750мл)
– 180 мл ликер од малини
– 120 мл бренди
– 1 шолјичка свежи малини
– 1 исецкан грејпфрут
– неколку ливчиња свежи нане
– 240 мл сок од грејпфрут
– 180 мл свежо исцеден сок од портокал
– 150 мл минерална вода
Подготовка:
Во длабок стаклен сад сипете ги виното, брендито, ликерот и исецканото овошје и убаво измешајте. Потоа додадете ги соковите и повторно промешајте. Оставете го садот во фрижидер да отстои барем еден час. Пред да го послужите ставете ја водата, нането и многу лед.
