Celebrity

Scarlett Johansson во снимањето на класикот „Psycho“

Scarlett Johansson ќе ја игра улогата на легендарната актерка Janet Leigh во својот најнов филм. 27-годишната актерка потпишала дека ќе биде дел од „Alfred Hitchcock and the Making of Phycho“, филм заснован врз вистинита приказна кој ќе биде режиран од Sacha Gervasi.

Johansson ќе им се придружи на Anthony Hopkins и Helen Mirren кои веќе се дел од актерската екипа, односно Hopkins ќе го игра Hitchcock, а Mirren неговата сопруга Alma. Филмот ќе ни ја прикаже досега непознатата приказна за потешкотиите со кои се соочил Hitchcock додека го правел филмскиот класик во 1960 година. Во остварувањето е опишана и неговата врска со жена му со која соработувале цели 54 години додека биле во брак.

Сеуште не се знае кога ќе започне снимањето на филмот.

Напиши коментар