Celebrity

Schwarzenegger повторно елиминира без милост!

Актерот Arnold Schwarzenegger (64) ќе ја игра главната улога во акциониот трилер со наслов „Ten“. Во филмот се зборува за агентите на една специјална владина агенција за откривање трговија со наркотици. Тие успеваат да украдат огромна количина пари од нарко мафијата.

Во моментот кога ќе побегнат со пленот и ќе мислат дека конечно се на сигурно, некој почнува да ги елиминира, еден по еден. Да не зборуваме без потреба, се знае кој е тој што може да биде толку опасен.

Филмот ќе биде во режија на David Ayer, а сценариото е дело на Skip Woods.

Напиши коментар