Celebrity

Се крчка „Невозможна мисија 5“!

Самошто заврши четвртата мисија на Ethan Hunt, а од „Paramount Pictures“ веќе планираат да го испратат на петта… Односно да потсетиме дека филмот сеуште се прикажува во кината ширум светот и пари „дебела пара“ на благајните. Токму поради тоа, авантурите продолжуваат!

Главните на филмското студио откриле дека серијалот со Tom Criuse  во главната улога ќе добие уште едно продолжение.

–          Во план е да се сними уште едно продолжение на филмот „Невозможна мисија“, – изјавил Philip Dauman од „Paramount“, а пишува во американската филмска штампа.

Последниот дел од серијалот „Невознможна мисија: Протокол дух“ од филсмките критичари доби оцена четири.

Напиши коментар