After Midnight

Се повеќе луѓето бараат партнер преку интернет

Познанствата во мрежата се веќе вториот најпопуларен начин за започнување на врска, веднаш после запознавањето преку заеднички пријатели, покажува најновото американско истражување. Но експертите предупредуваат луѓето да не се доверуваат премногу на онлајн агенциите за познанства. Дигиталните средби се особено важни во опшеството, во кое методите за формирање на врски се крајно неефективни, тврдат психолози од универзитетот во Рочестер.

Според нив потрагата по партнер во интернет може да биде многу успешна, ако луѓето имаат реален пристап кон тоа. Интернет е начин кој многу ветува и начин што помага на луѓето и во зрела возраст да создадат здрава и романтична врска што од своја страна е важен предуслов за емоционално и физичко здравје. Само внимателно и со памет, препорачуваат тие.

Напиши коментар