Еден ден, ќе дојде крајот на хетеросексуалната ера –тврди историчарката за сексуалност, Хара Бланк, авторка на „ Изненадувачки кратката ера на хетеросексуалноста “, неодамна објавена во САД.
„ Причината поради која што предвидувам дека „ хетеросексуалците “ еден ден ќе престанат да постојат се крие во тоа што веќе се случи на многу општествено – културолошки структури“, изјавува авторката.
Таа, аналогијата ја наоѓа во медицината и сфаќањата кои се менувале низ текот на времето. Таа кажува дека пуштањето на крвта и лечењето со пијавици било прифатлив метод на лечење пред 2000 години и дека лекар со таков пристап, денес би бил исмеан.
– „ Сега, тоа е историски куриозитет, а слична судбина ја очекува и на хетеросексуалноста, која неминовно ќе престане да постои“.
Конкретно, не може да се прогнозира…„ Сепак, јас сум историчарка, а не пророк. Како и да е, сметам дека тоа нема да се случи за време на мојот живот “.
Колку и да се чини нелогично и нерелевантно… Останува на времето да излезе во пресрет како алиби за историчарката…
