Филмското студио „Ворнер Брос“ и режисерот Тим Бартон сакаат „Шерлок“ да игра во филмската верзија на приказната за Пинокио.
Роберт Дауни Џуниор моментално преговара за да ја добие улогата на Ѓепето во адаптација на приказната за детето од дрво кое сака да стане вистинско дете, се тврди во „Холивуд репортер“. Првата, оригинална приказна за детето на кое му расте носот кога лаже е објавена во книгата за деца на Карло Колодиј, а оттогаш има доживеано бројни адаптации, и филмски и анимирани.
Најпозната од нив е Дизниевиот цртан класик од 40-тите години на минатиот век.
Овој филм ќе го режира Тим Бартон, а сеуште не епознато кој ќе го игра Пинокио.
