After Midnight

Се уште го сакам…

Имаше една максима. Ако не те прати, продолжи да одиш. Јас продолжив да одам, секако, а тој не ме следеше. Помина време и како гром од ведро небо се врати тој. Оној што ме натера да заборавам за себе и да се оддадам целосно на него, оној што ме направи да неможам да спијам, јадам…Оној во чија сенка живеев толку долго време. Оној што не ме пратеше кога тргнав. И ако по времето во кое бев со него водев некаква борба со себе, сега таа борба ми се виде како детска игра. Чувствата што ги преживував во мементот не можам ни да ги опишам, грутка имав во грлото, срцето ми крвареше. Не можев да поверувам дека мажот што толку го сакав, стоеше пред мене и ме молеше за прошка. Гневот и омразата ме имаа опседнато. Но истовремено срцето ги помнеше оние прегратки и бакнежи кои ме тераа да заборавам на се. А точно тој ме правеше да страдам толку многу пати. Многу често си го задавав прашањето како стигнав до овде и како дозволив на него да прави што сака со мене и моите чувства. Додека водев љубов со него јас бев најсреќната жена на светот, зошто бев неговата, но следниот ден тој стануваше друг. И ете, после неколку месеци во кои се обидував да го заборавам минатото и да ја преживеам таа бурна љубов, таа се појави повторно. Мојата страст, шепотот на моето срце. Што треба да направам сега?…повторно да простам или да продолжам да одам напред? Бев ли спремна да ги заборавам нанесените навреди, во името на љубовта? Не дојде ли многу касно тој, и дали воопшто некогаш ме сакал? Прашања на кои одговорот е многу прост, за некои, но за мене…каков ли е одговорот?

Напиши коментар