After Midnight

Се во животот е миг – и радоста и болката

Се во животот е миг! И радоста и болката! Само очекувањето е вечност! И ние чекаме цела вечност, за да го изживееме за миг она, што толку долго сме го чекале…Запомни:  Мигот не трае повеќе од миг! За никого и никогаш…

Затоа,

Искористи го краткотрајниот миг! Тој наскоро ќе изчезне. И независно дали од него ќе остане длабока рана или скап спомен, тој никогаш нема да се врати во истата облека! Мигот го имаш само сега!

Патот на животот – светот прави пат на оние што знаат каде одат. За да научиш да леташ, треба да имаш храброст да скокнеш! А знаете ли како животот не учи на ова?

Приближете се до работ! – ни вели тој.

Тие одговорија – Страв ни е!

Приближете се до работ! – вели повторно тој.

Тие се приближија овој пат со повеќе храброст и вера во себе…

Тој ги турна, можеби и грубо, но тие научија како да летаат…

Кога бев мала мајка ми постојано ми повторуваше, дека е најважно во животот да бидеш среќен.

Кога тргнав во училиште, не прашаа сите, што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Јас одговорив – Среќна!

Тогаш ми рекоа – Ти не си го разбрала прашањето…

Јас одговорив – Не! Вие не сте го разбрале Животот…

Што значи среќата?

1 Коментар

  1. Srekata e prirodna sostojba na skoe bitie! Srekata ne mozete da ja barate, koga veke e vo vas!
    Zatao malite deca se bezuslovno srekni koga se sushte ne se programirani/ usloveni od osphtestvoto ili semejstvoto…..

Напиши коментар