Free zone

Седум знаци дека имаш луда девојка

Како заглавив воопшто со оваа девојка? Дали некогаш сте си го поставиле ова прашање? Ако сте дошле до ова, тогаш најверојатно ќе ви треба овој водич за во иднина да не дојде до ова повторно. Ова се знаци кои покажуваат дека девојката со која сте во врска не е за вас и дека треба да ја откачите пред да ви биде касно.

Инсистрира на чести контакти

Супер е после првиот состанок да останете во контакт, но да се слушате 100 пати во денот, да си кажувате каде сте, со кого сте, да излегувате секаде заедно ќе ве исцрпе, а ќе изгледате одвратно и за сите околу вас. Ќе ве одалечи од пријателите, ќе ви наметне живот кој не ви одговара и ќе ве остави во прашање кој сте вие всушност.

Не може да го поднесе сопственото пијанство

Има ли нешто полошо од пијана девојка која не се поднесува ни самата себе си ни па некој околу неа. Хистерично плачење, викање, привлекување на внимание со сцени и драми… Па дури и да ви кажува по некој убав збор на уво, не паѓај на тоа. И запамти се што ќе ти влезе низ уво може да ти го извади низ нос.

Многу лаже

Често се случува девојката да раскажува приказни за успешно семејство, за пријателките кои ги има а всушност вистината да е сосема поинаква. Кога таа лаже без потреба, кога никој не го бара тоа од неа и лаже заради непознати причини, а не реално дека некој заштитува со лагата тогаш бегајте. Ќе добивате секогаш погрешна претстава за работите, а и каква е таа врска кога нема да имате верба во тоа што го зборува.

Ги мрази своите родители

Реално, никој нема некој совршен однос со родителите. Но да го мразиш семејството и да го напаѓаш домот во кој живееш тоа покажува за тебе дека ти немаш никакво разбирање за другите, а најважно никогаш не погледнуваш во себе и своите постапки.

Несигурна во себе

Ако на пет минути менува слика на фејсбук, опседната е со другите луѓе и коментира се што ќе види, таа е несигурна во себе, паничи секогаш кога ќе почувствува конкуренција. Таква девојка верувајте не ви треба. На неа и треба малку време за себе, а ти ќе бидеш само жртвата ако си со неа.

Нема другарки

Малку е чудно да немаш другарка на која ќе и се довериш, со која ќе поминеш некое време и на која ќе имаш да и раскажеш што ти се случува. Тогаш е многу голема веројатноста да те напне тебе. Да бара секој слободен момент да го помине со тебе, и да те напаѓа секогаш кога ќе сакаш ти да бидеш со пријателите зошто она ги нема па не може ни да разбере, многу јасно.

Претерано критична

Да имаш некој досаден на грб е многу тешко. Убаво е да си самокритичен, да критикуваш но во граници на нормала. Ако постојано е незадоволна од себе и од другите вие ќе треба да ја тешите и да ја охрабрувате за секој чекор.

Напиши коментар