After Midnight

Секоја втора жена е незадоволна од бракот!

Повеќе од половина од оние луѓе што веќе се во  брак признаваат дека оваа одлука била една од најголемите грешки во нивниот живот, според информацијата од последната анкета спроведена во Англија на оваа тема.

Во анкетата учествувале 4000 британски семејства од кои повеќе од 50% жалат што рекле „да“ на човекот до нив.

26% од нив споделуваат дека ваква мисла им минала низ главата неколку пати. Други 19% само понекогаш жалат што направиле погрешен чекор односно склучувањето брак, а 6% категорични се дека се работи за грешка.

Најчестата причина за носталгијата по слободниот начин на живот е поврзана со загубата на чувството на независност.

20% од анкетираните ја обвинуваат монотонијата на секојдневието како причина за неуспешен брак.

25% од луѓето не жалат поради одлуката што стапиле во брак, туку поради тоа што тоа го сториле со погрешниот човек.

11% од нив изјавиле дека чувствуваат привлечност кон некој друг, а 10% коментираат дека веќе не чувствуваат никакви физички пориви кон партнерот.

Бракот е сериозна работа и затоа треба сериозно и да се пристапи кон оваа проблематика.

Напиши коментар