After Midnight

Секс: Дали сте “нормални”?!

Ако некогаш имате дилема за тоа дали живеете нормален сексуален живот, не сте едниствени! Меѓутоа, вашите грижи обично немаат основа во реалноста.

Немојте претерано да се грижите ако вашите сексуални навики не се исти како кај вашите најдобри пријателки – сексот секој го доживува различно. Исто така, голем број луѓе имаат слични дилеми, а ние ви ги презентираме најчестите.

1. Имам 30 години и сум невина

Нема сомнеж дека сте малцинство. Меѓутоа, нема ништо лошо во тоа да го чекате “оној вистинскиот”, особено ако тоа го правите од религиозни причини.

Од друга страна, ако сакате да бидете сексуално активни, а не сте, тоа е сосема друга приказна. Вие треба да посетите психолог и заедно со него да откриете што ве спречува некому целосно да му се предадете.

Тоа може да биде страв од интимност, ниска самодоверба или некоја траума детството.

2. Мојот партнер повеќе сака секс од мене

Нормално е една личност во врската да сака повеќе секс од другата.

Женската желба обично повеќе е предводена од емоциите, па стесот на работа и личните проблеми можат да доведат до нејзино “гасење”.

Тоа е една од причините зошто девет проценти од жените на возраст помеѓу 18 и 44 признаваат дека имаат ниско либидо.

Меѓутоа, ако вашата потреба за секс е отсутна со месеци, причина може да биде и во физичката природа.Всушност, многу лекови (антидепресиви, контрацептивни пилули и антихистаминици) можат да имаат несакани ефекти на сексуалната моќ.

Ако не пиете никакви лекарства, треба да го проверите нивото на хормони, кои можат да се нарушат поради дијабетес, висок крвен притисок и други проблеми.

Кога еднаш ќе ја препознаете причината, работете на тоа да ги разгорите вашите природни нагони. Вежбањето и здравата исхрана можат многу да ви помогнат.

Секако, водете љубов што почесто, бидејќи така ќе го стимулирате лачењето на хормони.

3. Никогаш не сум доживеала оргазам

Десет проценти од жените никогаш не доживуваат оргазам. Главна причина е стрв од препуштање, а што повеќе стрес чувствувате, толку потешко ќе ви биде да фокусирате на сексот.

Меѓутоа, вреди да се опуштите – не само што ќе се чувствувате подобро, туку ќе ги олесните симптомите на ПМС и ќе живеете подолго.

Нема универзален рецепт кој ќе ви помогне да доживеете оргазам, бидејќи секое тело е различно. Ако подобро го запознаете, многу ќе си олесните, а мастурбирањето е одличен начин да се тргнете по вистински пат.

Кога и самите ќе успеете да доживеете оргазам, ќе знаете што треба да прави вашиот партнер.

Напиши коментар