After Midnight

Секс диета – Стопете ги вишокот килограми во кревет

Секс диетата е сé попопуларна помеѓу жените, но и мажите, што е сосем разбирливо со оглед дека ова е и најпријатниот начин за губење килограми.

Едноминутен секс троши дури 26 калории. Стручњаците тврдат дека оние кои имаат секс три пати неделно губат 7 500 калории годишно, што е еднакво на 120 километри пешачење.

Диетата е всушност многу едноставна, секс се препорачува 3- 4 пати неделно. Сексот во оваа диета се смета за физичка вежба која ги заменува стомачните, склековите и многу други. Количината на калории во храната мора да биде еднаква на  активностите во кревет.

Мрсна и тешка храна се избегнува а се препорачуваат намирници богати со растителни влакна, свежо овошје и зеленчук, морски плодови, црно вино и темна чоколада.

Познато е дека здравата исхрана и физичката активност се совршена формула за витка линија. Физичката активност во овој случај е сексот, кој може да согори 400 калории за само 30 минути, што е исто како да сме трчале.

Топењето на килограмите зависи и од позите, така што мисионерската поза согорува најмалку калории, дури 115, а „ doggy  “ дури 400 калории. Самата предигра, соблекувањето и страствените бакнежи можат да  помогнат во согорувањето 250 калории.

Ако се одлучите за ваков начин на губење калории, Вашиот партнер ќе биде најсреќен што сте на диета.

Напиши коментар