After Midnight

Секс или храна??? Сепак, повеќето би го избрале второто…

Според истражувањето на еден сајт за запознавање и дружење, од четири милиони испитаници, секоја трета личност би се откажала од сексуални односи поради омилената храна…

Една од три личности кои не се во врска, би се откажале од сексуални односи во период од една година, поради својата омилена храна. А помалку „ гладни “ не се ни оние кои се во незадоволни бракови или врски.

Истражувањето опфаќа 4 милиони испитаници, од кои, повеќето би го занемариле сексот, поради чоколадо, а некои од „ хоризонталните активности “ би се откажале и поради салата, суши или свежо овошје.

Дека храната игра неверојатно важна улога во односот со партнерот, покажува и тоа дека 66% од личностите што немаат партнер, не сакаат да влезат во врска со партнер кој е ненаситен, а 35% од од испитаниците не можат да бидат со личност која има скромно знаење за храната.

Овие резултати го повлекуваат прашањето за квалитетот на сексуалниот однос, кој го имаат оние кои би се откажале од него, поради храна.

Резултатите покажуваат дека луѓето ги земаат сексуалните односи здраво за готово, а со тоа, љубовта спрема храната би можела да биде она што ги спречува во него потполно да уживаат…

Напиши коментар