Жерард Депардје ќе го игра поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кого секс скандалот го чинеше цела политичка кариера.
Строс-Кан беше обвинет од една хотелска собарка дека ја силувал и тој случај ја потресе целата јавност. Сепак, во август, минатата година, тој беше ослободен од обвиненијата поради недостаток на кредибилитет на наводната жртва.
Режијата и сценариото на филмот ќе му бидат доверени на Абел Ферари. Покрај Депардје, во филмот ќе игра и Изабела Аџани на која ѝ е доделена улогата на жената на Строс-Кан, Ана Синклер.
– Ќе снимаме во Њујорк, Париз и Вашингтон и планираме да направиме филм за богатите и моќните, – биле зборовите на режисерот.
Снимањето започнува во јули.