After Midnight

Секси атрибути кои немаат врска со Вашето тело

Освен тоа што мажите ги гледаат и добро ги „процесуираат“ Вашите телесни атрибути. Иако им е во главно изгледот е пресуден ( барем при запознавањето), погледнете во што всушност тие се заљубуваат.

1. ПОГЛЕД

Многу мажи сметаат дека погледот е пресуден. И како не би бил доколку во него има тајност и срамежливост, а во исто време е и секси и директен. Тоа де делот во комуникацијата кој е индивидуален за секого и има посебно значење. Меѓутоа често ќе чуете„ Виде како ме гледаше малана“ – тоа е само билдање на самодоверба за следен чекор.

2. УШИ

Не се работи за ушите и тоа што мажите се „палат“ на нив, туку во Вашето внимателно слушање.

Премногу секси е доколку гледате во нив, и нежни климате со главата, а тие имаат чувство дека го добиле Вашето внимание. Тоа Ви е како да добиле на игра на среќа. Вниманието е онаа работа која прва се забележува.

3. СМИСЛА ЗА ХУМОР

Доколку можете да ги насмеете, тие ќе се чувствуваат по опуштено – особено доколку знаете да се пошегувате на Ваша сметка.

4. ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

Иако тоа никогаш нема да го признаат, мажите се „палат“ на интелигентни и паметни жени.

Многу им е важно да имаат добра соговорничка, небитно дали е тоа кога сте сами или во друштво. А таквите жени во креветот обично имаат повеќе самодоверба и фантазии, а мажите тоа го знаат многу добро и самиот факт додатни ги „ложи“.

5. ДОСТОИНСТВО

Истражувањата на тим Американски научници покажа дека, мажите имаат голема желба за жените со достоинствено однесување.  Премногу гласните и нападните девојки ги одбиваат мажите. Според нив таквите се за една вечер.

6. НАСМЕВКА

Резултатите од бројните истражувања покажале дека мажите несвесно се привлечени од насмевката. Тоа е знак дека сте отворена и самоуверена личност.

Напиши коментар