Free zone

Сексометарот го наполни буџетот во Бон

За прв пат германскиот град Бон минатата година воведе данок за сексуалните услуги. Така наречениот сексометар допринесе со 250.000 евра во буџетот за само половина година.

Сексометарот изгледа како паркинг апарат и во него “дамите на ноќта” ставаат по 6 евра секој ден, без разлика на бројот на клиентите кои ги имаат.

Бон стана првиот германски град кој воведе данок на сексуалните услуги, а по успехот кој го постигна се очекува и другите градови во Германија да го воведат истото.

Напиши коментар