After Midnight

Сексот гаранција за младешки изглед

Доколку сакате да се чувствувате млади и исто така да изгледате ќе треба да практикувате повеќе секс, советува професорката Сесилија Тригер. Таа инаку е експерт за хормоните кои се пресудни за половите односи. Нејзиното 25 годишно искуство во работата донесе заклучок кој вели дека сексот е пресуден за младешки изглед.

Нејзините пациенти биле пратени години наназад, и забележала дека оние кои често имаат секс, изгледаат посвежо, помладо и се поведри. За разлика од нив, оние другите имаат помала самодоверба, изгледаат несреќно и дозволуваат годините да си го направат своето.

Со таа цел таа направила и едно истражување за да види што е она што ги тера луѓето да имаат повеќе секс. Еден од факторите покрај физичката активност е и исхраната. Таа советува да се внесува повеќе свежа храна, богата со витамините Б, Ц, А. За да се подигне нивото на допамин потребно е и внесување на босилек, чили, ким, анасон, ѓумбир, женшен и лук. Но, за да има ефект треба алкохолот да го намалите на минимум.

Напиши коментар