After Midnight

Сексот не разубавува, сексот не подмладува!

Трошиме навистина многу парички за подмладување и создавање прилечен надворешен изглед, но мајката природа ни овозможила уникатна шанса да користиме природен начин за таа цел – сексот!

Се разбира тоа не значи да се откажеме од шминката и фризурата, но зошто да не додадеме уште еден помошник  за да сме уште поубави и не само тоа…

Ајде да видиме како всушност сексот не разубавува:

Природен мејкап – секое утро нанесуваме шминка и напладне веќе треба да направиме корекции. Но ако секојдневно правиме секс  барем по 15 минути, образите ќе ни придобијат природно руменило, усните наситена црвена боја, а кожата сјај и еластичност. Хормоните, забрзаниот пулс, брзата циркулација ќе си го направат своето.

Подмладување на кожата – кога не е доволно снабдена со кислород кожата посивува, го губи тонусот и изгледа уморно и непривлечно. Ваквата кожа брзо старее. Погодете што ќе ви помогне да не дојде до тоа? Сексот! По време на секс се зголемува протокот на крв и клетките го добиваат неопходниот кислород и хранливи материи.

Сексот влијае на самодовербата – сите знаеме дека нема ништо посекси од жена со самодоверба! Жена што е задоволна од својот сексуален живот зрачи со шарм, неодолива блескава насмевка и сјај во очите!

Сексот ја разубавува и косата. Секоја фоликула од косата содржи крвоносен сад кој се снабдува добро со крв кога правиме секс, што значи на природен начин го храниме влакното и го снабдуваме со се што му е неоходно за цврстина, сјај и еластичност.

Сексот неспоредливо најдобро ослободува од стресот. Повеќе секс за позитивни емоции – тоа го препорачуваат лекарите, кои се борат со стресот. Обично самиот акт е од 3 до 20 минути но ефектот од него е доста подолг во рамките на неколку дена.

Сексот помага за добра фигура – ако не можеме да се мотивираме за фитнес, тогаш сексот е успешна замена за кардио тренинг.

И сите овие нешта се научно докажани. Зошто да не ги послушаме советите и да направиме нешто добро за своето психофизичко здравје? Освен тоа замислете колку среќен ќе биде партнерот со ваквата одлука што ќе му ја соопштите? Секој ден секс? Зарем има нешто подобро од тоа?

Write A Comment