After Midnight

Сексот почнува и завршува во главата

Сексот, пред сè, е игра на вашиот мозок. Со помош на здрав мозок можеме да имаме квалитетен сексуален живот. На партнерот дури можете да му го „исперете“ мозокот за да му бидете привлечни. Еве како:

Мозокот е поврзан со сè што правиме во животот. Ако работи онака како што треба, ви помага да бидете љубезни, романтични и полни со љубов. Дисфункционалниот мозок предизвикува агресија, зависности, негативност, неверство па дури и омраза. Многу работи, како депресија, ПМС, тешкотии спречуваат да имаме добар секс.

Кога ќе проработи хемијата

Кога некој ќе ни го одземе здивот, најмногу сакаме да сме со него, да дознаеме сè за него. Во телото имаме многу допамини кога ќе запознаеме некој нов и кога сè во врска со него ни е интересно и привлечно. Исто така, нè возбудуваат и ситуации кои се забранети. Кога сме долго во врска, привлечноста слабее, па мора одново да ја разбудиме. Како да ја активираме дозата на допамин во телото? Со масажа на нозете и купување нови чевли, велат експертите.

Стимулација

На стопалата се наоѓаат точки кои не стимулираат само убаво чувство, туку и ги будат вашите полни органи. Нека зборовите „Дојди со мене да купам нови чевли“ значат дека ќе идете на врел состанок, а не само по нови чевли. Така ќе го зголемите нивото на допамин во телото. Мажите најголема хемија доживуваат при оргазам, додека пак жените се возбудуваат и со милување, држење за рака, убави погледи и романтични гестови.

Напиши коментар