After Midnight

Сексуалната слобода (не) е добра за жените !!!

„ Кога луѓето зборуваат за сексуалната ‘ револуција ’, тие тоа го прават како да сакат да ни докажат дека промените во разбирањето за човечката сексуалност биле намерни, а не спонтани. Како тоа нешто да е всушност стратешки планирано под нечиј строг надзор“.

„ На некој начин, тоа всушност така и било: Движењето на феминистките се залагало, а потоа и освоило поголеми сексуални слободи за жените при  користењето  на контрацептивните  средства  и абортусот. Меѓутоа, ненамерните последици, а посебно економските сили, одиграле многу поголема улога при уредувањето на новата сексуалност“, вели Margaret Talbor, колумнистка во магазинот „Njujorker“.

Та смета дека жените можат секојдневно да ја истакнуваат својата сексуалност без да се срамат, но видовите секс, како и условите под кои тој се прави и понатаму е под влијание на силите надвор од нивната контрола ( мажите, капитализмот и слично).

Во својот натпис ова позната американска писателка нагласува дека сексуалните слободи му донеле повеќе штета на понискиот економски сталеж отколку на средната и високата класа.

Се разбира дека,  не станува збор за тоа дека некој добил „премногу“ сексуални слободи туку се зборува за нивните недостатоци.

Жените и понатаму не се прашуваат ништо што е поврзано со сексот. За нив како да е доволно тоа што сега можат да водат љубов без ( поголема ) осуда од јавноста.

Кога жените навистина би имале исти сексуални слободи како и мажите, не би не загрижувало зошто  порнографијата ги диктира очекувањата на мажите во кревет.

Жените не би го имале чувството на принуда дека треба да водат љубов само за да би го задржале вниманието на  човекот кој го сакаат,  општото мислење би престанало би престанало да ги третира како „ месо“.

Добро е што жените можат да имаат секс со кого сакаат и кога сакаат, но понатаму немаат исти права како и мажите.

Дали и вие би сте се согласиле со таа констатација?

Write A Comment