After Midnight

Сексуалната желба кај жените се намалува кога се во врска

Сексуалната желба кај жените намалува со тек на време, а кај мажите останува речиси на исто ниво, според последното канадско истражување. Желбата на представничките на понежниот пол за секс намалува со секој изминат месец во врска, тврдат експертите.

Резултатите покажуваат дека должината на врската е подобар индикатор за сексуалната желба од задоволството во кревет или врската како целина. Истражувањето го негира тврдењето дека сексуалната желба и кај мажите и кај жените намалува во текот на месеците и годините поминати во една врска. Се намалува навистина, но само кај жените.

Според експертите можеби ова се должи на еволуциската потреба на представниците на посилниот пол да произведуваат поколение, додека пак жените го насочуваат своето внимание кон одледувањето деца.

Напиши коментар