Здраво тело

Шеќерот подеднакво отровен како алкохолот и цигарите !!!

Шеќерот е отровен, било да станува збор за преработен шеќер во вид на сируп, како состав на некој производ или обичен бел шеќер кој секојдневно го консумираме.

„Доколку внесеме поголема количина шеќер (15 лажички на ден) е исто како да сме испушиле 1 и пол кутија цигари или испиле половина литар вотка, негативниот ефект врз организмот на човекот е скоро ист. Секој ден сме изложени на големи количини на обработен шеќер а не сме ни свесни дека го консумираме, тоа е најлошото можно сценарио. Сето тоа придонесува несвесно да предизвикуваме одредени болести на срцето и крвните садови, кои подоцна се рефлектираат врз другите органи. Сами си наштетуваме себеси!!! Скоро 30 проценти од сите калории (  што е околу 800 калории дневно) во организмот ги внесуваме консумирајќи шеќер во различни форми. – истакнува доктор Robert Lustig, професор по биохемија на универзитетот Мичиген.

Дозата која се препорачува за дневно консумирање на шеќер за жени изнесува 25 грама или 100 калории, додека кај мажите 38 грама или 150 калории, се над оваа бројка е штетно по вашето здравје завршува професорот Robert Lustig.

Write A Comment