Celebrity

Cher со проштална турнеја!

Славната пејачка и актерка Cher ги информирала своите фанови дека турнејата која ќе ја направи оваа есен ќе биде всушност и нејзината последна на која ќе се збогува со своите фанови.

Cher започнала со снимање на својот 26-ти по ред студиски албум кој треба да биде објавен ова лето, а веднаш потоа, односно во септември, таа тргнува на светска турнеја.

Откако фановите ја опсипале со прашања во врска со турнејата, пејачката на својот Твитер профил напишала:

–          Овој пат ќе биде последен. Сакам да го сработам ова на најдобар можен начин, но само уште еднаш.

Последната светска турнеја на Cher со назив „Farewell Tour“ беше од 2002 до 2005 година, а веќе со години таа има свое шоу во едно казино во Лас Вегас.

Напиши коментар