Celebrity

Шерон Стоун и Софија Вергера – љубовници

Двете најсексипилни актерки Шерон Стоун и Софија Вергера следниот месец започнуваат со снимање на комедијата на легендарниот Вуди Ален. Во овој филм атрактивните актерки се љубовници, а Вуди Ален се појавува во филмот како макро од кого актерките изнајмуваат жигола.

Во филмот оскаровката Шерон Стоун и преубавата колумбијка Софија Вергера ќе играат две жени кои започнуваат романса, а Џон Тартаро, кој воедно е и режисер на овој филм, ќе игра жиголо со кој двете повремено ќе се “поигруваат”.

За Шерон ова не е прв филм во кој таа ќе има романса со некоја жена. Тоа се случи во филмот “Ниски страсти” во 1992 година, и во “ Кога ѕидовите би можеле да прозборат во 1996 година.

Напиши коментар