Free zone

Шест работи кои и се поважни на жената од твојот изглед

Жените освен убавината кај мажот, вреднуваат и некои други работи, па дури може да се каже и многу повеќе од самата убавина. Кога една жена сериозно бара партнер со кој сака да го помине остатокот од животот тогаш убавината е нешто на кое и не обрнува големо внимание. Таа пази на следново:

Како ја третираш

Кога жената бара партнер за сериозна врска најважно и е како се однесуваш со неа. Ако ја почитуваш и ако ти е важно како она се чувствува на добар пат си да ја освоиш.

Дали заработуваш

Ова не значи дека таа е спонзоруша, само таа сериозно размислува за вашата иднина, сигурноста која е неопходна за оформување на семејство.

Заеднички интересирања

За да ви успее врската сепак треба да имате и некои сличности, нели? Големите спротивности не успеваат да најдат заеднички јазик. Заедничките интересирања може да ви помогнат да се разберете еден со друг.

Заштитник

Жените во денешно време превземаат голем дел од обврските, се борат за својата кариера, иднина… Но, тоа не значи дека тие се можат сами. Им треба заштитник кој ќе им даде подршка и љубов.

Ниво на образование

Никој не сака покрај себе да има човек кој не сака да учи, да се изградува како личност и да се надополнува. Денес образованието е клучно за многу работи, а оној кој се повлекува од него губи многу.

Дали се грижиш за себе

Жените сакаат мажи кои се грижат за себе, мажи на кои им е важно како изгледаат. Ако сте еден од оние кои не се замараат со облеката, и комлетниот изглед… помали се шансите да ве гледа како сериозен кандидат за сериозна врска.

Напиши коментар