After Midnight

Шест типови на мажи кои никогаш нема да ве усреќат!

Препознајте го навреме или подгответе си марамици

Пред да се впуштите во врска, бидете сигурни дека вашиот избраник не влегува во ниту една од овие категории !

За да е осигурате и да се спасите од овие болни ситуации, на почетокот на врската важно е да откриете што повеќе за него. Исто така можете и да слушнете неколку професионални совети од љубовните гуруа, кои ги кажуваат типичните карактеристики на следниве опасни типови…

 Ги има на следнава листа  проверете кои се:

Маж кој не може да верува дека сте го избрале токму него.

Иако може на почетокот и да ви е забавно да го слушате како се чуди, што сте го избрале токму него, со време тоа може драстично да се промени, а неговата несигурност да ви стане иритирачка и непривлечна. На крајот може  и навистина да ве увери во вашата погрешна одлука.

Мажи зависни од мама.

Убаво е кога мажот си ја почитува мајка си, но во зависност од тоа какви му се родителите, може да стане вистинска гњаважа. Доколку не може да донесе одлука во вашата врска, (без да и се јави мајка му),треба да се подразмислите каква е вашата улога во истата.

Маж кој сака да ве спаси.

Мажите сакаат да изигруваат суперјунаци кои ги спасуваат ранливите жени. Но, со време стануваат гњаватори. Доколку сакате да бидете во брак со личност која е доволно самоуверена за да го почитува вашиот интегритет и вашата независност, тогаш прескокнете го ваквиот тип.

Маж кој е постојано по журки.

На паровите им е потребна приватност. Но, постојат мажи кои сакаат постојано да излегуваат и да бидат во друштво. Во такви случаи другата половина секако на крајот ќе биде повредена.

Маж кој своите пијатели ги држи подалеку од вас.

Мажите кои одбиваат да ве претстават на нивните блиски луѓе, верувајте дека не се подготвени за врска.

Маж кој пати по воодушевувања.

Овие типови не можат да се презаситат од комплиметни  и пофалби. Опасноста во врската со овие мажи е таа што тие се спремни на сé за да го добијат тоа што го сакаат, дури и ако тоа бара воодушевувања од други жени. Затоа, флертот на вашиот сакан со други жени, би можел подоцна да стане многу голем проблем.

 

Напиши коментар