Се прашувате која е тајната на виткоста? Се прашувате како некои жени се секогаш совршено секси? Време е да ја откриете тајната на сексипилната виткост.
1. Витките жени имаат повеќе мали оброци и никогаш не се прејадуваат. Ако сакате да се ослободите од вишокот килограми јадете 4 до 6 пати дневно без да се прејадувате.
2. Убавите жени вежбаат барем еднаш дневно, минимум еден час во денот. Уште една тајна на витките жени е организацијата на времето. Тие вежбаат околу половина час наутро и пола час во вечерните часови. Утринското вежбање е најдобро можно вежбање при кое се губат најголем процент од калориите во споредба со другото време во денот.
3. Витките жени се секси затоа што водат сметка за своето тело, тие не дозволуваат прејадување и не ги рипаат термините за вежбање.
4. Убавите жени јадат се што им се допаѓа, меѓутоа водат сметка за калориите. Тие не се одрекуваат од едноставните задоволства, како што се парче торта или пијалак, но не дозволуваат да им стане тоа навика.
5. Убавите жени се запознаени со додатоците во исхраната и ја користат на прав начин, а во исто време не очекуваат препаратите сами да си го направат своето туку постојано се во потрага како тие да бидат поефикасни.
6. Витките жени пијат многу вода. Тие со секогаш со себе имаат шише вода. Па дури и да не пијат вода тие ги избегнуваат кафето и соковите.
