After Midnight

Шесте видови на привлечност …

Помеѓу сексуалната врска и пријателството, луѓето чувствуваат низа различни видови на привлечност едни спрема други со една цел создавање на врска по нивните стандарди.

СЕКСУАЛНА ПРИВЛЕЧНОСТ

Сексуалната привлечност е чувство кое кај луѓето создава желба за сексуален контакт со одредена личност.

РОМАНТИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ

Романтичната привлечност е чувство кое создава желба за романтична повеќе емоционална врска со одредена личност.

ЗАЉУБЕНОСТ

Заљубеноста е романтична привлечност спрема некого, желба за некој вид на романтична врска. Таа желба може да биде привремена и не мора да значи создавање на стабилна врска.

ПЛАТОНСКА ВРСКА

Платонска врска имаат оние парови кои чувствуваат длабока поврзаност и меѓусебна привлечност. Тие се ценат повеќе од потребното а во исто време се диват еден на друг. Но немаат желба да бидат романтичен пар или да имаат сексуална врска.

СЕНЗУАЛНА ПРИВЛЕЧНОСТ

Желба да се има сензуална но не и сексуална врска со одредени драги личности. Многу допири кои остануваат само допири.

ЕСТЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

Привлечноста спрема другите луѓе која не е поврзана со желбата за ништо повеќе од пријателство…едноставно сте среќни што познавате таква личност.

Напиши коментар