After Midnight

Што е она што мажите на Вас го сакаат… А Вие не ???

Ги мразите Вашите бедра? Мислите дека се прешироки? Премногу коскести ? Покриени со целулит? Можеби не Ви се допаѓа како изгледа Вашиот нос? Како и да е, жените имаат многу замерки за сопствениот изглед, секако, потполно неосновано…

А, всушност, на повеќето мажи овие „ маани “ им се допаѓаат, некои дури и исклучиво се ориентирани кон жени со одредени физички карактеристики, кои нема ни да ги сретнете во модните списанија…

Ви ги претставуваме деловите од Вашето тело кои мажите најмногу ги сакаат… Нека ова биде причина да ги засакате и Вие !!!

1. Стапала – Многу мажи, потајно ги сакаат женските стапала. Тие не ги ни приметуваат деловите од телото од кои Вие не сте задоволни… Затоа, задоволете ги потполно, направете беспрекорен педикир, налакирајте ги ноктите со силни бои, а можете да ставите и накит за стапала.

2.Дланки – Како изгледаат Вашите дланки ? Ако често ги стегате во тупаници и ги криете ноктите, тогаш, Вие сте несигурни и срамежливи. Направете добар маникир, а потоа пробајте со дланките да покажувате што повеќе. Така ќе изгледате поотворени и поискрени. Исто така, тој ќе биде воодушевен ако го допрете со Вашите неодоливи дланки, а можете да му овозможите и добра масажа со етерично масло.

3.Задник – Не грижете се ако Вашиот задник е нешто поголем од она што Вие би го сакале. Повеќето мажи би сакале да Видат заоблен и цврст „ долен дел од грбот “, а безброј анкети потврдуваат дека повеќе ги привлекуваат природни облини, отколку манекенска градба.

4.Усни – Можеби Вашите усни не се крупни и сочни, туку тенки и мали. Тоа не значи дека не можете да му овозможите страствени бакнежи. Не заборавајте дека зборовите се многу помоќни од изгледот на усните. Затоа, максимално искористете ги додека го заведувате…

5.Лице без шминка – Жените имаат поголема самодоверба додека на нивното лице има шминка. Сепак, повеќето мажи жените најмногу ги сакаат природни. Повеќето мажи мислат дека жените се поубави без „ бои добиени како од војна “ на нив и дека изгледаат помлади.

6.Стомаче – Иако сите жени се трудат да се решат од „ вишокот перничиња“, всушност, на мажите тоа им се допаѓа. Доколку не сте дебели, туку само „ елегантно пополнети “, можете да  бидете сигурни дека Вашиот сакан обожава да ја допре Вашата половина.

7. Мали брчки – Можеби паѓате во искушение да подлегнете на ботокс инекции, но подоцна сигурно ќе се каете. Сите сакаат да видат природно лице на кое се гледа доказ за животното искуство, самоувереноста и знаењето. Со ублажувањето на брчките, нема да се види ништо од тоа.

8.Гради – Додека едни жени мечтаат за поголеми гради, други вложуваат илјада евра за намалување на градите. За сето тоа време, на мажите им се допаѓаат жените кои имаат самодоверба, без разлика на големината на нивните гради. Ако мислите дека Вашите гради се мали, носете push up градник и ќе изгледате подобро, но верувајте, партнерот ќе Ве сака и без него.

9.Меѓуножје – Има жени кои се подложуваат на операции за нивната вулва да изгледа симетрично. Можеби и би се предомислиле, кога би знаеле дека ваквите работи мажите не ги ни приметуваат. На крајот од краиштата, колку често Вашиот партнер ги анализира димензиите на Вашето меѓуножје? Ќе признаете, ретко…

10.Широки колкови – Порано, широките колкови означувале женска сила, стабилност и способност за заштита на децата. Можеби токму поради тоа, на мажите денес им е привлечно крупното женско тело.

Напиши коментар