After Midnight

Што е тоа кај мажите што всушност ги привлекува жените???

Мажите со високо ниво на тестостерон, но и оние со силен имунитет се оценуваат како попривлечни од останатите, покажуваат истражувањата. Резултатите од последното истражување на британскиот универзитет Абертеј покажуваат дека жените ги привлекуваат мажи кои се здрави и отпорни.

Истражувачите избрале 74 мажи од 20-25 години и им земале примерок од крвта. Потоа им била дадена вакцина против Хепатит Б, која го поттикнала нивниот имунитет да создаде антитела против вирусот.  Истражувачите го измериле нивото на антитела, но и нивото на тестостерон и нивото на кортизол – хормон за стрес.

ВО истражувањето учествувале и 94 жени на кои им биле прикажани фотографии од мажите кои учествувале во истражувањето и им било кажано да ги оценат со оценка од 1 до 10. Резултатите покажале дека оние мажи кои имае посилен имунитет биле оценети како многу попривлечни. Исто така, резултатите покажале дека мажите со повисоко ниво на тестостерон и пониско ниво на кортизол се попривлечни во очите на жените.

Напиши коментар