After Midnight

Што ги тера жените да го изневерат партнерот?

Се смета дека мажите скршнуваат од правиот пат почесто, но статистиката во последно време покажува зголемување на процентот на женските неверства.

Експертите се обиделе да ја објаснат причината за ваквото поведение од страна на понежниот пол. Тие откриле четири основни причини зошто жените се одлучуваат да го изневерат својот партнер.

Напрво место како причина за неверство е долгогодишната врска. Жените наивно веруваат дека сексуалниот живот би бил повозбудлив во креветот на друг маж.

Следната причина е изневерување во ситѕуација кога жената е незадоволна од својот партнер. Третата причина е отсуство на зрели односи. Тогаш секој конфликт може да доведе до намалено либидо и до желба да најдете утеха кај друг.

И на крај е исчезнувањето на страста во спалната. Тоа е најдиректниот пат кон неверството на  еден од партнерите – рутината и недостатокот на интрига и страст ги носат жените во рацете на друг маж.

Напиши коментар