After Midnight

Што ги загрижува мажите?

Жените ги бие глас, дека во врската прават драма од се! Од “мува прават слон”, и непрестано приговараат. Од друга страна, мажите, делуваат потполно опуштено и ги бие глас дека се им е сеедно. Со оглед на тоа дека изгледот може да излаже, ви прикажуваме четири факти кои ги загрижуваат мажите…

Пари – Иако живееме во време кога двата партнери заработуваат и работат за да го издржуваат семејството, многу од мажите си ја препишуваат одговорноста за издржувањето на фамилијата. Повеќето од нив се чувствуваат помалку вредни доколку не работат и доколку заработуваат помалку од партнерката. Затоа парите им се први на листата.

Старостна граница – Многу жени мислат дека на мажите им одат во прилог годините ( Џорџ Клуни на пр.), но мажите не се сложуваат со тоа… Губитокот на косата, се поголем стомак, смалена физичка издржливост и тоа како имаат влијание на нивното его… И тие како и ние се грижат за стареењето… Но тешко им е да признаат…

Издржливост – Изджливоста во креветот е важна за секој маж. Порно филмовите во кои глумците се неверојатно издржливи а и преувеличувањата од нивните пријатели, и тоа како знаат да ги загрижат, замислат и да ги натераат да помислат и да се посомневаат во својата сексуална моќ. За многу жени квалитетот е поважен од квантитетот, но на мажите тоа често не им значи многу…Тие имаат потреба постојано да се докажуват од страв дека нема да ги сметаме за доволно добри или пак дека ќе ги исмеваме пред пријателките…

Нашите пријатели – Можеби тоа нема да го покажат , но секогаш се сомничави кон нашите машки пријатели. Едноставно не можат да престанат да развиваат сценарија  за тоа, како пријателот не заведува секој пат кога ќе излеземе со него. Исто како и ние кога се грижиме за  нивните пријателки, така и тие се грижат за нашите. Не е проблемот само во недовербата, туку и фактите дека со пријателот го поминувате времето кое би можеле да го поминете со вашиот партнер.

Напиши коментар