Celebrity

Што го разлутило Robin Williams? :)

Актерот Robin Williams ќе игра во филмот „Најбесниот човек во Бруклин“.

Се работи за римејк на познатиот израелски филм „Mar Baum“, чие дејствие е сконцентрирано врз еден човек на кој лекарот по грешка му кажува дека му останал само саат и половина време живот, бидејќи боледува од тешка и агресивна болест.

Тој веднаш тргнува во акција со цел што подобро да ги искористи последните 90 минути живот. Во исто време, неговиот лекар го бара насекаде низ градот за да му соопшти дека погрешил при поставувањето на дијагнозата.

Покрај Williams, во филмот ќе играат и Mila Kunis и Peter Dinklage. Снимањето започнува во септември, а режисер на остварувањето ќе биде Phil Alden Robinson.

Напиши коментар