After Midnight

Што ја поттикнува, а што ја гуши љубовта ?

Суштината на љубовните константи прави низа на неочекувани и наизглед неважни моменти…кои сепак влијаат на емотивниот живот…

Што всушност ја поттикнува љубовта ???

Одете заедно со него во театар- Не поради градските културни случувања… Ова ќе има директно влијание на Вашата љубов.

Научете го неговиот јазик – Позајмете од неговиот вокабулар, употребувајте ги неговите фори и жаргони. Оваа тенденција се вика усогласување на јазичниот стил и ја зајакнува врската.

„Разлигавете го“ – Донесете му ги омилените колачиња или кафе во кревет, пред да одите на работа. Кога личноста која ја сакате чувствува благодарност, ќе чувствува и поголема близина спрема Вас.

Не срамете  се од „ чудакот “ во себе – Можеби ги сортирате намирниците во фрижидер по боја или опсесивно да ги пратите топшоп програмите, но никако не го сокривајте тоаод него, за да не помисли дека сте чудни. Со поголема верност во себе ќе дојдете и до поголема интимност.

Откријте ги неговите цели – Вашиот сакан има амбиции, но истражувачите кажуваат дека треба да внимавате. Вистинската цел открива дали тоа е човек што сака себе да се унапреди или само да се натпреварува со другите.

Озборувајте со него – Кога споделувате позитивни трачеви, имате чувство како пред другите да немате тајни.

Совладајте ја првата плима на страст – Истражувањата покажуваат дека паровите кои успеале да се воздржат од прераните слатки телесни задоволства имаат постабилен однос и подобра комуникација.

Како да не ја гушите љубовта ???

– Никогаш не го барајте во гужва !

– Не гушете го со неизмерна поддршка !

– Никогаш не го занемарувајте целосно мислењето на Вашите пријатели !

– Не поставувајте финансиска доминантност помеѓу Вас !

– Никогаш не заминувајте за време на бес !

Напиши коментар