Народната поговорка кажува дека „ Облеката не го чини човекот “. Меѓутоа новите студии на еден клинички психолог тврдат поинаку.
Големо деколте – сакате моќ !
Преголемото деколте кажува дека сакате моќ и контрола, а премногу накит имплицира несигурност и финансиски потешкотии.
Жените кои се закопчуваат „ до грло “ на шефот му даваат до знаење дека женственоста е слабост, а не моќ. Високите потпетици „ зрачат “ со интелигенција, а жените во нив се чувствуваат еднакво високи како и машките колеги, со тоа можеби и порамноправни.
Ако поголем дел од времето го поминувате во фармерки и патики, а фризурата многу и не Ве интересира, тоа може да значи дека дури и ја злоупотребувате улогата на мајка, глумејќи жртва со чувство на вина и исрпеност. Кога е убавината на жената во прашање…. Не постојат изговори !!!
Младите девојки во кратки здолништа најчесто бараат внимание, а позрелите, едноставно не можат да се помират со фактот дека повеќе не се млади.
Облеката сепак го прави човекот !!!
* Облеката која ја носиме е состојба на духот. Вашите мисли и чувства се наоѓаат во ормарот. Се што правиме во животот е рефлексија на нас самите. Храната која ја јадеме, луѓето со кои се дружиме. Зошто би било поинаку и со облеката? Внимавајте на она што го купувате, на она што го облекувате… Само на тој начин ќе можете и нешто да промените. На тој начин ќе ја промените и гардеробата, која може да ги открие Вашите најдобри особини.
И…Избегнувајте го влијанието на медиумите !!! Таканаречената „ медиумска диета “ им овозможува на луѓето да изградат стил и без влијанието на анорексичните манекенки кои се облекуваат во конфекциски број 0 !
