After Midnight

Што кажуваат а што мислат мажите !!!

Зашто збориш за љубов, а мислиш на секс ?

Мажите често не се во состојба или пак не сакаат да им го кажат на жените она за што размислуваат. Само за вас го дешифриравме нивниот таен код…

Фаза на мување:

01.

ТОЈ КАЖУВА: „Прилично сум сингл.“

ТОЈ МИСЛИ: „Имам девојка, но ти ми се допаѓаш.“

02.

ТОЈ КАЖУВА: „Би требало да се сретнуваме понекогаш. “

ТОЈ МИСЛИ: „Се плашам дека ќе ми речеш НЕ ако те поканам да излеземе.“

03.

ТОЈ КАЖУВА: „Во моментов не сум заинтересиран за врска.“

ТОЈ МИСЛИ: „Само сакам да те одведам во кревет. “

04.

ТОЈ КАЖУВА: „Дали може да ја поделиме сметката.“

ТОЈ МИСЛИ: „Не ми се допаѓаш.“

05.

ТОЈ КАЖУВА: „Имам идеја: Зошто не би се нашле во ресторанот?“

ТОЈ МИСЛИ: „Имам уште неколку отворени опции, и не сакам да доаѓам по тебе. “

06.

ТОЈ КАЖУВА: „Ти си навистина супер пријател.“

ТОЈ МИСЛИ: „Никогаш нема да се смувам со тебе.“

07.

ТОЈ КАЖУВА: „Колку траеше твојата претходна врска?“

ТОЈ МИСЛИ: „Дали си расположена само за секс – шема, или би сакала нешто на подолги патеки?“

08.

ТОЈ КАЖУВА: „Се уште не сум ја преболел разделбата со бившата девојка.“

ТОЈ МИСЛИ: „Планирам да ја преболам мувајќи се со многу други девојки.“

09.

ТОЈ КАЖУВА: „Јас не играм игри.“

ТОЈ МИСЛИ: „Опасен играч сум, но не би сакал и ти да играш некои игрички.“

10.

ТОЈ КАЖУВА: „Ќе ти се јавам деновиве.“

ТОЈ МИСЛИ: „Ќе ти се јавам некаде помеѓу сега и наредните три месеци, а можеби ни тогаш.“

11.

ТОЈ КАЖУВА: „Мојата бивша девојка е луда.“

ТОЈ МИСЛИ: „Не бев ОК кон неа и затоа така бурно реагираше.“

12.

ТОЈ КАЖУВА: „Врските со девојките баш и не ми се најдобри.“

ТОЈ МИСЛИ: „Не ми значиш баш многу за да би се потрудил околу нас.“

13.

ТОЈ КАЖУВА: „Ајде малку да забавиме.“

ТОЈ МИСЛИ: „Се уште не сум сигурен дали си материјал за сериозна врска.“

14.

ТОЈ КАЖУВА: „Твојата другарка навистина е супер!“

ТОЈ МИСЛИ: „Кога не би се гледал со тебе, би и се пуштил на твојата другарка.“

Во врска:

15.

ТОЈ КАЖУВА: „Моето семејство се интересира за тебе.“

ТОЈ МИСЛИ: „Дефинитивно, ние сме добар пар.“

16.

ТОЈ КАЖУВА: „Навистина им се допадна на моите партнери.“

ТОЈ МИСЛИ: „ Мислам дека сум се вљубил.“

17.

ТОЈ КАЖУВА: „Мислам дека вие двајцата навистина сте добри пријатели.“

ТОЈ МИСЛИ: „Дали имаше нешто повеќе помеѓу вас двајцата?“

18.

ТОЈ КАЖУВА: „Жалам што не ти се јавив.“

ТОЈ МИСЛИ: „Не ми е жал, само сакав да ја прескокнам расправијата околу таа тема.“

19.

ТОЈ КАЖУВА: „Нема да се сменам.“

ТОЈ МИСЛИ: „Немам храброст да ти раскинам, па ќе направам ти да ме оставиш.“

20.

ТОЈ КАЖУВА: „Мајка ми е строга кон непознати луѓе.“

ТОЈ МИСЛИ: „Мајка ми баш и не те обожува.“

21.

ТОЈ КАЖУВА: „Никогаш досега не сум бил со девојка како тебе.“

ТОЈ МИСЛИ: „Како воопшто успеав да те смувам.“

22.

ТОЈ КАЖУВА: „Ми се чини дека многу од твоите другарки веќе се омажени и имаат деца.“

ТОЈ МИСЛИ: „Оф, и ти наскоро ќе почнеш да креваш паника околу таа тема.“

Напиши коментар