After Midnight

Што кажуваат неговите бакнежи?

Страствен, многу внимателен, и бурен: еден бакнеж може многу да сокрие. Начинот на кој ве бакнува , оддава многу за неговиот карактер. Не се вели залудно: “ Еден бакнеж, зборува повеќе од 100 зборови”. Ние ви ги откриваме тајните кои ги крие еден бакнеж и што тој бакнеж зборува за него…

Што кажуваат неговите бакнежи:

1.   Романтичар:

Романтичниот тип сака бакнување и ги вклучува сите свои емоции во бакнежот. Тој сака да ужива со својата партнерка и потполно се предава на тој интимен момент. Таков е во партнерството. Кај него нема половични работи. Многу е верен и секогаш е тука за својата партнерка. Нему му е важно, неговата партнерка да се чувствува добро и се да е хармннично.

2.   Страствен

И страствениот тип, ги вклучува сите свои чувства во бакнежот, но им додава и страственост, така што на пример, нежно, ќе ги грицка, усните на партнерката. Со овој тип никогаш не е досадно.  Тој секогаш знае што и како прави. Кога сакате авантура, зграбете го него. Но многу е веројатно, за него верноста да не е најважната работа.

3.   Почетник

Исто како и што кажува насловот: Овој маж нема многу искуство, поради тоа неговата техника е почетничка. Но може да стане и одличен бакнувач, не се знае…Понекогаш оди од екстремност во екстремност во ситуацијата и не е доволно сигурен и избалансиран. Поради тоа, како негова партнерка, теба да имате обзир и трпение…

4.   Фолирант

Овој бакнеж, покажува однесување, како да стои на огромна сцена. Посебно сака да се бакнува пред публика и додека се бакнува  во главно, ги остава очите отворени. Има високо его и потребни му се секогаш комплименти и признанија. Тој е често егоистичен и сака себе си да се претставува во најдоброто светло. Така што, партнерката покрај него тешко може да дојде до израз…

Напиши коментар