After Midnight

Што кога ќе се сретнете со поранешната љубов???

Сите ние сме се нашле во непријатна ситуација да се сретнеме со нашите поранешни партнери, а таа средба не е ниту малку пријатна, особено ако налетаме на нашата поранешна љубов со нов дечко или

Во овој случај, доколку решите да се поздравите, претставете ги едни на други. Кога го претставувате новиот партнер или новата партнерка кажете им го само името, никако не спомнувајте термини како девојка, дечко, бивши, бивша и слично.

При средбата со поранешниот партнер немојте се гушкате и бакнувате, доволно е само да се ракувате за да не настапи непријатна ситуација. Доколку пак тие сакаат да ве гушнат, направете го тоа но одржете формална дистанца.

Бидете љубезни, но не премногу, а никако немојте да спомнувате нешто од минатото. Доколку забележите дека ситуацијата станува непријатна, поздравете се и заминете што побргу.

Немојте да криете од сегашниот партнер дека сте се сретнале со поранешниот, но јасно ставете му на знаење дека тоа е веќе завршена приказна. По средбата едноставно не зборувајте на таа тема, туку продолжете си со планираните активности.

Напиши коментар