Celebrity

Што ли значи Xylo Myloto?

Епа не знае ни Google, ни фронтменот на групата „Coldplay“ – Chris Martin.

Својот петти студиски албум бендот го нарече со име кое се состои од два бесмислени зборови, што во моментот им се чинело како одлична идеја за назив. Албумот беше објавен во октомври, минатата година и се викаше „Mylo Xyloto“.

Сепак, Martin жали што вака го именувале албумот бидејќи името ги збунува обожавателите.

–          Луѓето во различни делови од светот различно го изговараат и сега ни е жал што така го именувавме албумот. Никој не умее правилно да го изговори и сите се прашуваат што значи името, – бил неговиот коментар.

Тој вели дека постои можност повторно да го издадат истиот албум, но со ново име.

Напиши коментар