After Midnight

Што мислат богатите мажи? …не мислат, тие плаќаат

„Богатите и популарни мажи никогаш не стареат“, овој цитат е од една моја омилена книга „Москва не верува на солзите“. Колку е актуелен во моментов овој цитат во нашата мила земја?

Спонзоруши се повеќе, а мажи со пари се помалку – нашата реалност. Ако ме прашате мене во нашава држава постои една професија наречена „спонзоруша“.  Но во моментов сме во криза и затоа им препорачувам на девојките да се преориентираат кон некоја друга професиија. Не за друго, туку затоа што тие ве искористуваат, ја користат вашата возраст и убавина. И додека неговиот живот си тече, децата му растат, бизнисот му цвета, вие сте само дел од пејсажот, една од многуте, фрлана од еден на друг. Да ама годините минуваат и наеднаш ја минувате и триесетата. Вртејќи се назад гледате како сте биле употребени и заменети со помлади и поубави, а вие сте сама. Согласете се дека на оваа возраст шансите да најдете човек за себе се драстично помали.

Знам дека некои од вас ќе кажат дека го пишувам ова од завист или предрасуди. Но времето ќе покаже. Сигурна сум во едно – длабоко (можеби и не толку длабоко) вие знаете дека сум во право, ама убавиот живот ви се допаѓа. Премногу касно разбираме дека цената што сме ја платиле е премногу висока.

Напиши коментар