After Midnight

Што можеме да научиме за љубовта од кучињата?

Домашните миленици знаат многу повеќе за љубовта отколку што можеме да претпоставиме. Всушност тие ги прават оние работи што ние треба да ги правиме, многу почесто од нас. Еве и неколку лекции за љубовните односи кои можете да ги научите од вашето куче:

Ентусиазам

Во повеќето случаи кога ќе се вратиме дома кучето не чека на врата, скока горе долу како кенгурче. Кога за последен пат го дочекавте саканиот човек со истиот тој ентусиазам како вашето куче? Се разбира не треба буквално да скокате од среќа како кучето, но сигурно доза ентусиазам ќе го натера човекот отспротива да се чувствува добро и да види дека вие се радувате што го гледате. Не е исто да те дочека намуртено лице или озарено од искрена насмевка лице…Очите ја покажуваат среќата и љубовта што ја носите во себе за некого. Не дозволувајте животот да ви се претвори во безсмислена рутина лишена од емоции.

Верност

Повеќето кучиња се пријателски расположени кон сите – даруваат прегратки и бакнежи на сите што ќе ги погалат. Но и покрај тоа, без разлика што му нудат, тоа секогаш ќе избере да биде до вас.

Секогаш ли сме спремни да бидеме на страната на оние што ги сакаме? Изгледа дека на кучињата не им е важно дали сме во право или грешиме, зошто тие не не судат. Не велиме дека треба да го игнорирате или оправдате лошото поведение. Но срцето ни бие за оние што ги сакаме, за нивно добро.

Простување

За да имате успешна врска важно е да знаете да простите. Ако не можете да простите и да продолжите напред, никогаш нема да бидете среќни. Кучињата го знаат тоа. Ако сте лоши кон нив и ги искарате, тоа ќе ви прости – многу пати. Ако ние можеме да дозволиме малите проблеми лесно да се заборават, како кучињата, нашите односи со саканите ќе бидат многу подобри.

Безусловна љубов

Замислете дека сте заборавиле да го нахраните или да го однесете на неговото омилено место, например во паркот. Дали вашето куче после тоа се однесува студено кон вас? Дали ќе се лути и ќе се обиде да ве натера да почуствувате грижа на совест? Вашето куче не ве „отпишува“ ако сте направиле нешто погрешно. Тоа не ве суди. Тоа продолжува да ве сака исто како претходно. И ништо што би можеле да направите неможе да го натера да ве сака повеќе или помалку. Тоа е љубовта што сите треба да ја имаме.

Се согласувате, нели?

Write A Comment