Многу обожаватели на Katy Perry се прашуваат како ќе изгледа нејзиниот нов албум, особено со оглед на тоа што таа помина низ незгоден период по разводот со Russell Brand. Katy Perry, која инаку е весела и ведра по карактер, најавила дека наредниот нејзин албум ќе биде „нарочито мрачен“.
За британскиот таблоид „The Sun“ пејачката изјавила како се чувствува по разводот.
– Би сакала да употребам една временска машина и да се вратам на одреден датум во минатото, – биле нејзините зборови.
Иако требаше да глуми во филмот „The Help“, таа ја одбила понудата бидејќи снимањето започнувало истовремено со излегувањето на нејзиниот албум. Наскоро треба да излезе нејзиниот документарец „Katy Perry: Part of Me“кој ќе може да се погледне во кината во јуни и тоа во 3D верзија.
