After Midnight

Што открива Фејсбук за нашиот љубовен живот?

Преку статусите на Фејсбук кои ја прикажуваат нашата „љубовна“ состојба, аналитичниот тим на социјалната мрежа утврди кои се денови во неделата и периоди од годината погодни за љубовен успех, а кога најчесто тонат љубовните надежи.

Тимот на Фејсбук ги спореди податоците на корисниците кои во текот на изминатата година го промениле својот љубовен статус, па утврдиле дека најлош период за љубовните врски е летото, затоа што тогаш има најмногу раскинувања во споредба со останатите периоди од говината.

Бројот на љубовни врски расте најмногу околу Денот на вљубените, божиќните и новогодишните празници. Истражувањето покажало дека на 14 февруари има 49% повеќе нови врски од раскинувања, додека за Божиќ тој процент изнесува 34%.

И деновите во неделата влијаат на врската, па петок и сабота се окарактеризирани како денови за раскинување, особено кај оние кои имаат 25 и повеќе години, додека недела, понеделник и вторник се денови на „љубовта“, кога на Фејсбук се споделуваат најмногу информации за нови врски.

Напиши коментар