After Midnight

Што открива видот на кафето кое го пиете

Пиењето кафе не е само традиција и обичај- изборот на вашето омилено кафе открива многу за вашата личност.

Додека некои уживаат во кратко кафе со капка млеко, други не можат да си го замислат почетокот на денот без голема шолја кафе со шлаг или дури и парчиња чоколадо, а широкиот избор на кафиња им овозможува на љубителите на кафе да го најдат совршениот спој за нив.

Еве што видот на кафето кое што го преферирате зборува за вашиот карактер:

Јако еспресо (Corto)

Животот е постојана авантура полна со адреналин и вие едноставно немате време да седите и уживате  во нормална количина кафе.

Дупло еспресо со топло млеко и пена од млеко (Latte)

Во душата сте дете кое најверојатно спие со плишано мече во кревет.Сакате да си носите кафе на работа.

Дупло еспресо со чоколадо во прав, топло млеко, шлаг и чоколадно мрвици(Mocha)

Под вашата нежна надворешност се крие железна тупаница

Дупло еспресо со пола лажица цимет, 4 каранфилчиња и шлаг ( Viennese)

Вие сте пребирлив фрик и не сте свесни колку ги живцирате тие што чекаат на ред позади вас.

Еспресо со чоколаден прелив во прав, топло млеко и пена од млеко (Mochaccino)

Вие сте личност која има пудлицалабрадор само затоа што името ви било многу смешно

 

Напиши коментар