After Midnight

Што откриваат неговите лоши навики ???

Можеби мислете дека со тоа што ја остава даската од тоалетот крената сака само да ве нанервира, но стручљаците за човековото однесување тврдат дека  може многу нешто да се каже за мажот врз основа на неговите лоши навики.

Тој постојано и се јавува на својата мајка

Мажот кој има потреба постојано да и се јавува на својата мајка и да ја известува за секоја ситница која му се случува, сеуште не успеал да се осамостои и да го открие својот идентитет. Ваквите мажи обично нема да бидат до вас кога навистина ќе ви затребаат и не ќе ви пружат поддршка, бидејќи ни тој не е во состојба да си се потпре самиот на себе.

Тој ја остава даската од тоалетот крената

Мажите со таква навика повеќе уживаат да се во право отколку да се среќни. Тие не ја прекинуваат ова своја навика дури и кога неколкупати им е укажано на тоа, само затоа што тие на тоа гледаат како на уште еден знак на нивната машкост.

Тој си ги грицка ноктите

Таквото однесување е израз на несигурност, нервоза, стрес и немоќ таа да се изрази. Вашиот партнер веројатно никогаш не е смирен и опуштен, а голема е и веројатноста дека има сериозен проблем, но е премногу затворен за да би го споделил тоа со вас.

Премногу пцуе

Ако сте приметиле дека тој понекогаш претерува со изразување на своите емоции на таков начин, вашиот партнер веројатно е личност која не го разбира значењето на тие зборови и тоа што тој го изговара.Тој не ги разбира туѓите чувства и дека она што тој го зборува може некого да повреди. Премногу е саможив и себичен.

Тој постојано доцни

Доцнењето обично е знак на мрзеливост. Мажот кој постојано доцни избегнува да се соочува со тешките проблеми и секогаш оди на линија на помал отпор. Таквите мажи обично немаат големи амбиции и цели во животот.

Напиши коментар