Celebrity

Што прогнозираат обложувалниците за Оскарите?

Обложувалницата „Paddy Power“ ги објавила квотите за добитниците на наградите на Американската филмска академија. Засега најдобри изгледи за Оскар имаат Џорџ Клуни, Мерил Стрип и „Уметникот“.

Оскарот за најдобра машка улога би требало да го добие Џорџ Клуни, за најдобра актерка Мерил Стрип, додека златната статуетка за најдобар филм би требало да ја добие остварувањето „Уметникот“. Ако им веруваме на обложувалниците, се разбира.

Најдобар режисер засега е Мишел Азанависијус, најдобар спореден актер е Кристофер Палмер, а споредна актека Октавија Спенсер.

Церемонијата треба да се одржи на 26-ти Февруари во Кодак театарот во Холивуд.

Напиши коментар