Free zone

Што сакаат жените од мажите?

Се плашам дека ќе успеам сé да опфатам, жените толку многу очекуваат и бараат од мажите. За да си олеснам, го скратив списокот на важните работи, но сепак се задржав на главните. Жените понекогаш ни самите не знаат што сакаат, ако е добар тогаш не е добро – премногу и угодува па досаден е, ако не е добар, тогаш е нечувствителен и себичен.

Сепак приказната ќе ја продолжам само за да им помогнам на збунетите мажи како да освојат една жена.

Жените паѓаат на внимание

Има ли нешто поубаво од тоа кога еден припадник на погрубиот пол ќе се скроти и ќе и се посвети на една жена? Ќе и се посвети и ќе внимава на секој нејзин сбор? Е ова жените го скааат, па ако сакате да си најдете девојка почнете да го практикувате ова.

Внимателен со зборовите

Недостатокот на самоконтрола и самодоверба кај мажите ги одбива жените. Бидете самоуверен и внимателно бирајте ги зборовите со кои и се обраќате на една жена.

Успешен на работа

Жените сакаат успешни мажи. Моќта е најголемиот афродизијак. Во денешното време кога се се одвива многу брзо, жената сака заштита, да има успешен и храбар маж покрај себе.

 

Напиши коментар