Со право жалфијата е една од најделотворините и најлековитите билки. Проверете зошто:
Модерната наука докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство. Смирува, освежува и закрепнува, помага при болки и висока температура. Може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја прави корисна за дијабетичарите. Неоддамна се докажа и дека жалфијата ја подобрува концентрацијата и делува против Алцхајмерова болест.
Жалфијата е одличен прочистувач на крвта и ја зголемува циркулацијата. Исто така го намалува крварењето при месечниот циклус кај жената.
Заради антибактериското дејство се препорачува да се практикува при афти, херпес и кариес.
Медицината потврди дека жалфијата е најдобриот лек за стомачен вирус. Таа ќе го намали повраќањето.
Жалфијата се препорачува и при менопауза, таа одлично ги намалува тегобите.
