After Midnight

Што треба да знаеш за да ја откриеш љубовта?

Отишол еден човек кај мудрецот и го прашал: Сакам да ти поставам три прашања – кое е најважното време, кој е најважниот човек и која е најважната работа?

Мудрецот одговорил: Најважното време – тоа е сегашноста, зошто минатото веќе го нема, а иднината се уште е далеку. Најважниот човек – тоа е оној со кој имаш односи во сегашноста. А која е најважната работа? Мудрецот одговорил: Љубовта помеѓу тебе и тој човек.

Не можеш да направиш ништо кога се е против тебе. Но можеш да направиш се тогаш кога ти си тоа што си.

Брамините кои учат дека светот е скриен во твојата душа, се лажат. Светот ти е пред очите, прашањето е каде ти е душата?

Дека љубовта е се, е се што знаеме за љубовта!

Љубовен парадокс – ако сакаме додека боли, болката не може да стане посилна, но љубовта станува поголема.

Љубовта е како капка жива во твојата рака. Ако ја држиш нежно со отворени дланки ќе ја задржиш. Ако ја затвориш дланката и ја стегнеш живата ќе се распрсне на сите сртани.

Во љубовта нема грев. Љубовта е од Бога. Секоја љубов што го подига човекот, доаѓа од Бога.

Љубовта не е да поседуваш некој друг, за да се збогатиш себе си, а да се дадеш на друг, за да го збогатиш него.

Незрелата љубов вели: Те сакам зошто имам потреба од тебе. Зрелата љубов вели: Имам потреба од тебе зошто те сакам.

Љубовта е еднонасочен пат – започнува од тебе и оди кон другите. Дури само за миг да посакаш да задржиш за себе некој или нешто, љубовта ќе ти умре во раце.

Љубовта е слепа – гледа не со очите, а со душата.

Се што ја ограничува слободата, не е љубов. Љубовта и слободата се двете крила на една иста птица.

Среќата и љубовта се на страната на храбрите.

Љубов, што не е лудост, не е љубов!

Љубовта не е поглед еден во друг, туку поглед во ист правец.

Тоа што го чувствуваме кога сме вљубени, можеби е нашата нормална состојба. Љубовта не учи какви треба да бидеме.

Кога навистина посакуваш љубов, ќе откриеш дека таа те очекува.

Write A Comment